Дома Дома Контакт Администрација
РЕШЕНИЈА
IP Телефонија | Контакт центри | Voice рекордери | Преземи | Extreme Networks | AudioCodes |

IP Telefonija / AVAYA IP OFFICE

ALL IN ONE SOLUTION

РЕШЕНИЈА ЗА МАЛИ И СРЕДНИ КОМПАНИИ
(SME SOLUTIONS)

Avaya IP Office производите се дизајнирани специјално за да ги решат комплексните комуникациски проблеми со кои се соочени домашните канцеларии, малите и средните претпријатија (Home Office, Small Office and Medium Enterprise) и тоа со помош на едноставни, но силни комуникациски алатки. IP Office уредот нуди потполна функционалност на преносот на глас (voice), при тоа делувајќи подеднакво како на пазарот на конвенционалната, така и на пазарот на конвергираната телефонија, т.е. овозможува потполни решенија на подрачјата на пренос на податоци (data) и омрежување, заедно со сите апликации кои ги побаруваат корисниците. Avaya IP Office уредот е достапен во четири основни конфигурации кои можат да се надоградат со екстерни модули. Основните конфигурации се означени со IP Office Small Office Edition, IP406 V2, IP412 и IP Office 500. IP Office Small Office Edition системите се наменети за мали фирми и домашни канцеларии, додека IP406 V2, IP412 и IP Office 500 се наменети за мали и средни претпријатија. Бројот на екстензиите (локалите) кај IP Office системите може да варира од 2 до 360 екстензии. IP Office Small Office Edition основната конфигурација е фабрички опремена со одреден број на влезни линии и аналогни и дигитални екстензии (локали). IP406 V2 основната конфигурација е фабрички опремена со одреден број на аналогни и дигитални екстензии и може да се прошири до 180 екстензии со користење на екстерни модули за проширување, IP412 основната конфигурација не е фабрички опремена со екстензии и може да се прошири до 360 екстензии со користење на екстерни модули за проширување. IP Office 500 основната конфигурација не поседува влезни линии и екстензии и може да се прошири до 120 PRI влезни линии (транкови), или до 272 екстензии вклучувајки аналогни, дигитални и IP телефони.


IP OFFICE - ПРЕНОС НА ГЛАС

Телефонски апарати


Кај секој телефонски систем телефонските апарати се во средиштето на интересот на секој корисник. Комуникациската платформа може да има многу софистицирани функционалности, но без соодветни телефонски апарати кои се едноставни за користење, повеќето од тие функции остануваат скриени за крајниот корисник т.е. не се користат од страна на повеќето корисници.
Сите телефонски апарати на Avaya се дизајнирани со цел да им се обезбеди на корисниците едноставен пристап до сите можности и функции на IP Office уредот. Со едноставниот начин на употребата во потполност се искористуваат вградените можности на системот.
IP Office-от подржува голем избор на дигитални телефони на Avaya од сериите DEFINITY 6400 и Avaya 20 и Avaya 5400, стандардни аналогни телефони (со Caller ID), како и IP телефони, хардверски и софтверски (IP hardphone и IP softphone).



Voice Over IP


IP Office уредот ги подржува аналогните и дигиталните телефонски апарати во секоја комбинација и при тоа може да работи како традиционален телефонски систем. Со подршката на IP телефонските апарати, комбинирано со вградените H.323 gatekeeper и gateway функционалности на системот, IP Office уредот овозможува 100%-тна IP телефонија или комбинација на традиционалниот и IP свет.
Предноста на IP телефонијата е во тоа што им овозможува на екстензиите да се користат локално, но и на оддалеченост со корисење на рутер или VPN сервис. IP Office уредот подржува хардверски и софтверски IP телефони од Avaya или друг производител.
Со подполната подршка на H.323 стандардот, IP Office уредот овозможува интер-операбилност со останатите уреди базирани на овие стандарди. IP Office системите можат меѓусебно да се поврзуваат користејќи ја стандардната мрежа за пренос на податоци, при што се овозможува транспарентност на сите функции и напредни апликации како што е централизираната говорна пошта.



Management Tools (алати за управување со системот)


Со сите компоненти на IP Office уредот (телефонскиот систем, router/firewall/ DHCP server-от, Voice Mail-от и другите апликации) едноставно се управува со користење на IP Office Менаџерот.
IP Office Менаџерот е Windows апликација која комуницира со IP Office системот преку TCP/IP протокол. Компјутерот на кој е инсталиран IP Office Менаџерот може да биде на истата локална мрежа каде што се наоѓа и IP Office-от, оддалечен на WAN-от или конектиран по пат на Remote Access Server со Terminal Adapter,рутер или со опциски Модем 2 пакет.
Користејќи Windows графичка околина, Менаџерот овозможува едноставна инсталација и конфигурација, како и подоцнежни промени во системот. Како и останатите IP Office апликации, Менаџерот е достапен на повеќе јазици. Можностите за локалното како и далечинското користење на апликациите, заедно со повеќе јазичноста им овозможува на корисниците ширум светот да управуваат со било кој IP Office, од било која земја, користејќи го локалниот јазик на местото од кое се конектираат.


IP OFFICE – ПРЕНОС НА ПОДАТОЦИ

Internet Access – Интернет пристап


Сите Avaya IP Office модели овозможуваат сигурен и брз пристап на интернет. Во зависност од работните потреби Avaya IP Office уредот може да дозволи пристап на интернет на различни начини. Компаниите кои имаат потреба од помал интернет сообраќај можат да пристапат на интернет и со dial-up врска.
Кај малите и средни компании постои потреба од постојана интернет врска преку ISDN линија, или пак потреба и за хостирање на WEB страница. Ваквите компании може да користат и директна изнајмена линија која се приклучува на WAN портот на IP Office уредот.
Управувањето со интернет пристапот на Avaya IP Office уредот е едноставно. Можноста да се дефинира автоматското прилагодување во пропусниот опсег дава сигурност дека доволна количина од опсегот ќе биде расположив за интернет токму тогаш, кога ќе биде потребен, а може да се искористи на друго место кога нема да ви биде потребен.
Бидејќи комапниите стануваат се позависни од интернетот, како за информациите така и поради работните трансакции, сигурноста станува најбитен фактор. Со својот интегриран firewall Avaya IP Office уредот и дава сигурност на компанијата која треба да ја заштити својата мрежа од надворешен пристап.


Remote Access – Пристап од надвор


Пристапот од надвор до Avaya IP Office системот му овозможува на персоналот кој не е во моментот во фирмата да пристапи на работните информации кои се достапни на локалната компаниска мрежа.
Avaya IP Office системот има интегриран firewall кој ја обезбедува сигурноста на мрежата. Ова може да се надополни и со користење на систем за енкрипција на преносот на шифрите (CHAP).
Управувањето и контролата на пристапот од надвор е клуч со кој со Avaya IP Office системот се постигнува потполна контрола во работењето. Системот нуди можност за изработка на временски профили со што се овозможува пристап на работниците од надвор само кога е тоа прикладно.
Апликацијата на пристап од надвор нуди и опција за dial-in така да одалечените работници можат да пристапуваат на мрежата од различни локации. На работниците кои постојано работат од дома може да им се овозможи пристап од само еден број кој може да се подеси и како dial back (повратен повик) број со што се добива и уште поголема сигурност. Dial back опцијата му овозможува на претпријатието да оствари корист така што ќе ја централизира пресметката на телефонските трошоци, при што ја зголемува трошковната ефикасност.
Avaya IP Office системот е конвергирана платформа за пренос на говор и податоци која нуди разновидни апликации, па така употребата на пристапот од надвор не им овозможува на работниците само пристап на податочните компоненти на Avaya IP Office системот, туку дава пристап и на говорните апликации како што се интегрираниот систем за пораки и Phone Manager апликацијата.
Firewall


Интегриганиот firewall едноставно се конфигурира, овозможувајќи филтрирање на повеќето познати протоколи меѓу кои се: File Transfer Protocol (FTP), Internet browsing (HTTP), Voice over IP (H.323). На секој од протоколите кој поминува низ Firewall системот може да му се забрани или дозволи пристапот на четири различни начини:
• Drop (отфрли) Врската со овој протокол не е дозволена низ ѕидот
• In (дојдовна врска) Влезната врска може да “направи тунел” во ѕидот, дозволен е сообраќај во обете насоки
• Out (појдовна врска) Излезната врска може да “направи тунел” во ѕидот, дозволен е сообраќај во обете насоки
• Bothway (два правци) Влезната и излезната врска можат да “направат тунел” во ѕидот, дозволен е сообраќај во обете насоки
Во случаите каде протоколот не е подржан, firewall системот може да се прилагоди да ги контролира пакетите базирано на нивната содржина.
Firewall системот може да се прилагоди да оневозможи пристап одредени компјутери или уреди во мрежата.
IP Office системот овозможува конфигурација на онолку firewall системи, колку што е потребно. Тоа овозможува на поединечни dial-in корисници да им се примени различна сигурносна регулација и податочни сервиси.

 

IP OFFICE UNIFIED COMMUNICATION


IP Office системот нуди напредни комуникациски апликации со што им овозможува на корисниците да примат пораки без разлика каде се наоѓаат. Оваа функционалност ја овозможуваат следниве производи:


eConsole и BLF
VoiceMail Lite
VoiceMail Pro
Integrated Messaging Lite/Pro
PhoneManager Lite
PhoneManager Pro


eConsole и BLF


PC базираната Windows оперативна конзола ‘eConsole’ е специјално дизајнирана за да го олeсни работењето и ги подобри услугите на операторот. Кога таа се користи заедно со PC-базираната BLF (Busy Lamp Field) апликација, операторот може да види кои корисници се достапни да го превземат повикот, така да пронаоѓањето на најпогодната личност за превземање на повикот е брзо и едноставно.
Употребата на eConsole му обезбедува соодветни информации на операторот, кои му помагаат во одредувањето приоритет во обработката на повиците и во давањето на коректни одговори на повикувачот. Истовремено операторот ја задржува визуелната контрола на бројот и на типот на повиците на чекање што овозможува повикувачите да се поздравуваат на професионален начин, со што се подобрува угледот на компанијата.
BLF функционира во хомогени повеќе локациски опкружувања, при тоа му нуди можност на операторот да види кој е достапен независно од тоа на која локација се наоѓа.


VoiceMail Lite


VoiceMail Lite апликацијата се добива бесплатно со IP Office системот. Таа овозможува едноставен пристап до говорните пораки за корисниците и за групите на корисници. Корисниците кои побаруваат понапредни функционалности, како што е централизиран систем за говорна пошта, повеќе портови или управуван проток на повици, можат да отидат чекор понатаму со тоа што ќе ја набават, VoiceMail Pro апликацијата.
Стандардната VoiceMail Lite апликација овозможува пораките за поединците или групите да се оставаат и читаат 24 часа на ден, 365 дена во годината. Кога ќе се активира, VoiceMail Lite автоматски одговара на телефонски повик кога корисникот не е во можност да го прими. Исто така може да се сними и сопствен поздрав, како би се потврдило дека пораката ќе биде примена од вистинската личност.



VoiceMail Pro


VoiceMail Pro е изграден врз база на функционалностите на VoiceMail Lite, и може да се прилагоди на индивидуалните потреби на компанијата. VoiceMail Pro овозможува управување со пораките за поединци или групи, пристап на повикувачот до снимени информации, помагање на операторот во распоредувањето на поврзаните повици. VoiceMail Pro е опремен со моќен систем за процесирање на говор. Апликацијата е едноставна за употреба преку графичка околина - ‘VoiceMail Pro Manager’.
VoiceMail Pro Manager апликацијата овозможува да се постигне многу повеќе од водењето на повикот до личноста или до групата која се повикува. VoiceMail Pro им овозможува на корисниците повратен повик “dial back”, интерен или екстерен, веднаш по оставената гласовна порака. Сигурноста се постигнува со тоа што се побарува PIN код, доколку корисникот сака да го измени Forwarding или Follow Me бројот од некој надворешен телефон.
Асистираниот трансфер (Assisted Transfer) овозможува трансфер на повикот на одредена локација, но овозможува и повикот да се врати автоматски во VoiceMail Pro, додека за другите опции мора да се ангажира личноста која е повикана.
Личното адресирање на броеви (Personal Numbering) им овозможува на корисниците далечински да ја вклучат и исклучат својата говорна пошта, да го постават проследувањето на email пораките, да ги пренасочат повиците. Заедно, сите овие опции креираат една сеопфатна услуга за корисниците, кои мораат да останат во контакт со клиентите независно од нивната физичка локација.

 

Integrated Messaging Lite/Pro


Integrated Messaging Lite се добива бесплатно со VoiceMail Lite/Pro. Оваа апликација овозможува говорните пораки да се алармираат/проследат/копираат во облик на e-mail порака. Тоа им овозможува на корисниците да ги примаат сите пораки на едно место во - email inbox.
Integrated Messaging Pro оди чекор понапред така што во потполност се интегрира со Microsoft Exchange. Тоа овозможува говорното сандаче да се синхронизира со емаил сандачето, така да пораките се примаат и се проследуваат во козистентна форма. Корисниците можат да ги преслушуваат своите говорни пораки преку звучникот на персоналниот компјутер или преку домашниот или мобилниот телефон ако е вклучена опцијата за пренасочување. Последната опција е корисна кога се работи од дома, или корисникот е на пат, па не мора да се симнуваат големи датотеки на говорни пораки за да би се слушале на персоналниот компјутер.

 

Phone Manager


PhoneManager апликацијата е достапна во три верзии: PhoneManager Lite, PhoneManager Pro и iPhoneManager Pro.
Phone Manager Lite е бесплатна апликација за IP Office системот. Се работи всушност за PC базиран телефонски апарат, кој овозможува контрола на функционалноста на телефонскиот апарат, едноставен и брз пристап до напредните функции, како и преглед на направени, примени и пропуштени повици.
Phone Manager Pro е изграден врз база на овие функционалности, со тоа што нуди и screen popping за Microsoft Outlook контактите, како и on-screen пристап до говорните пораки и одделно регистрирање на направените, примените и пропуштените повици.
iPhoneManager Pro е PC-базиран IP Soft-phone каде што телефонскиот разговор се одвива преку звучната картичка на персоналниот компјутер, наместо преку стандарден телефонски апарат. IP Soft-Phone варијантата овозможува PC-базирана телефонија со помош на звучната картица во персоналниот компјутер, со што ја негира потребата за физички телефонски апарат.


ДОМА | ЗА НАС | РЕШЕНИЈА | УСЛУГИ |ПАРТНЕРИ |РЕФЕРЕНЦИ |КОНТАКТ